128
Полициски службеници од ОВР Кратово синоќа околу 22:08 часот, ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово.
– Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информираат од МВР.
По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.
В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.