680
Јован Деспотовски од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека последните години се изгоревме од желбата да го добиеме она што го заслуживме. Очигледен е притисокот врз Бугарија и отворените прашања ги затворивме во 2018.
Македонија тоа го заслужи одамна и добро е што имаме став околу тоа. Ако не се случи, мора да си продолжиме по патот кој го зацртавме и да го унапредиме животот на граѓаните. Ова што сега се случува во Бугарија, треба да се следи. Очигледна е желбата и намерата на ЕУ да го испорача она што го има ветено. Ова што сега треба да се случи, Македонија одамна го заслужи, рече Деспотовски.