Од утре продолжувам да придонесувам како член на партијата, истакна вечерва Јован Деспотовски, по изборната трка во СДСМ, а одговарајќи на прашањето дали би прифатил министерска позиција.
-Уште еднаш ќе повторам дека од утре сум повторно член на партијата. Не би прифатил друга позиција бидејќи во тркава за претседател не влегов поради некаков личен бенефит, истакна Деспотовски.
Тој му честиташе на новиот лидер Димитар Ковчевски.
-Искрени честитки за Таче, честитки за Фросина за машката борба. Таче ќе ја има обврската заедно со сите нас да се обидеме уште повеќе и уште подобро и да бидеме вистинска авангарда во регионот. Продолжувам со Концепт 28 и од утре од срце ќе продолжам да работам за партијата како обичен член, рече Деспотовски
Кандидатот Јован Деспотовски освои 3.319 гласа, Фросина Ременски освои 2.836 гласа, а Ковачевски 37.649 гласа. Неважечки биле 602 ливчиња. На 194 места, вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ.