Деспотовски: Не трчаме по лопати, туку по плати

by fokus

Коронакризата во зоните е помината и компаниите успешно се приспособуваат на новите околности настанати по кризата, вели директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

За тоа, според него, говори и растот на извозот од зоните за 56 проценти во периодиот јануари-јули годинава во однос на лани, но, додава тој, уште поважен е растот од 8 проценти во однос на 2019 година и повеќе од 30 проценти во однос на 2018 година.

– Не трчаме по камери и лопати, туку трчаме по поголеми плати за поголем број наши сограѓани и повеќе пари во буџетот. Бенефитот од странските инвестиции не е да имате успешна политичка кампања или да се претставите како успешни политичари. Бенефитот е што повеќе наши сограѓани да добијат подобри плати – рече тој на Канал 5.

Ако фокусот порано бил насочен кон поголем број на работни места, сега, истакнува Деспотовски, фокусот е кон поголеми плати. Тој очекува до крајот на годината да продолжи трендот на раст на просечните плати во зоните, откако и минатата пандемиска година беше регистриран раст од 5,5 проценти.

Поврзани новости