Kандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски го оствари своето гласачко право на денешните избори за нов лидер на партијата. По гласањето изјави дека има информации за голем број членови на партијата на кои што им било оневозможено да гласаат. Тој нагласи дека СДСМ во ниту еден момент не смее да си дозволи своите членови да ги враќа од избирачките места.
„Со мојот тим изминатите неколку денови зборувавме на оваа тема, поднесовме и официјално барање да им се овозможи на сите оние членови на партијата кои ќе се појават на избирачките места, да можат да си го реализираат своето уставно загарантирано право. Сите овие случаи се евидентираат секаде, имаме контрола на секое избирачко место низ државата во сите општински организации. Без разлика на исходот од гласањето, ќе мора во наредните неколку денови да се посветиме ако политичка партија сите овие случаи да ги расчистиме,“ рече Деспотовски.