79
„Погрешна е дилемата дали се оправдани повеќе или помалку министерства. Клучното прашање е дали ова отвора врати за нови вработувања во јавниот сектор. Ако да, СДСМ треба односно требаше да побара со новите закони:
1. да се регулира статусот на сите оние што се на договор или на определено, а кои сега стравуваат за своите работни места (такви имаме навистина многу)
2. да се ограничат сите нови вработувања и
3. да се побара одговор дали и како со новите институции граѓаните ќе добијат подобра услуга од државата.
Со мудар пристап секогаш можат да се заштитат и граѓаните и јавниот интерес” вели Деспотовски.