70
Партијата Десна обвинува дека постојат „двојни аршини и стандарди за постапување“ при апсењето на други лица и апсењето на нивниот член Љупчо Палевски-Палчо.
Го обвинуваат директорот на затворот во Скопје, Филип Андов дека работи спротивно на законот. Исто така бараат одговори од Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.
Партијата прашува „кој и како дозволил информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена“?
-Ова НЕ е прв пат, истиот овој директор на Затвор, туку по втор пат, првото носење на писменото барање до Судот го сподели со “новинарите” и сега пак спроводот до Судија на претходна постапка, пак го споделува со “новинарите, стои меѓу другото во објавата на Десна.