Десковска со експерти ќе им помага на Филипче и Адеми за усогласување меѓу вакцинацијата и школувањето

by Фокус

Не отстапуваме од ставот да не се примаат невакцинирани деца во училиштата и градинките, оти само така ќе се стави крај на епидемијата со мали сипаници, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче, по вчерашната изјава на министерот за образование Арбер Адеми дека деновиве треба да го усогласат ставот оти основното образование е задолжително, но притоа не смее да се нарушува јавното здравје.

-Викендов ќе имаме средба со министерот за образование, во тоа ќе ја вклучиме и експерти по уставно право, како и министерката за правда. Ние како министерство дадовме препораки, бидејќи во моментов имаме епидемија, и од понеделник ќе излеземе со усогласен став. Нема да отстапиме од ставот невакцинирани деца да не се примаат во градинките и школите, оти тоа е единствениот начин да се стави крај на оваа епидемија и да не ни се повторуваат вакви ситуации – рече Филипче.

Поврзани новости