Министерката за правда Рената Десковска информираше дека на денешната лидерска средба за Законот за обвинителство се разговарало околу амандманите за подобрување на текстот по Јавната дебата со експертите.
-ВМРО-ДПМНЕ не дадоа амандмани, прочитаа забелешки од различни експерти. Ние отворивме дебата за толкување на забелешките и видовме дека имаме различни размислувања. Побаравме до утре до 12 часот да поднесат амандмани, но останува да видиме до утре – истакна Дескоска.
Таа додаде дека за дел од аманмданите не отвориле расправа, но, како што рече, станало јасно дека имаат различни размислувања.
-Благодариме на сите оние кои доставија амандмани, некои рекоа дека ќе донесат до утре, а некои не сакаа да преземат обврска да поднесат амандмани. Јас ги информирав за забелешките кои беа вметнати во текстот, а кои беа за корекција за некои делови – рече Дескоска.