Со голема горчина ги примам актуелните изјави на нашите Сојузници за кршење на меѓународното право од страна на Русија.
Ми иде на ум народната поговорка: “со свој камен по глава”.
Ова го пишува на својот Фејсбук профил професорот по меѓународно право, Тони Дескоски за изјавите кои доаѓаат од Европската унија дека Русија го крши мњѓународното право за руското признавање на украинските области Доњецк и Луганск како независни држави.
-Истите овие ликови ни се потсмеваа во лице откако на Суд докажавме дека Грција ја крши Времената спогодба спрема нас. Или можеби Меѓународниот суд на правдата не пресуди дека има повреда на меѓународен договор?, пишува професорот.
Тој не го одобрува потегот на Русија, но забележува дека неконзистентноста изненадувачки брзо се плаќа.
-А од вчера натаму, животите на сите нас ќе ни се влошат. Барем за некое време. Се плашам дека ова ќе биде долг и исцрпувачки судир, во кој никој нема да има корист, порачува професорот Дескоски.