Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју за „Независен“, говореше за амнестијата за дел од насилниците од 27 април, минатата година.
Како што вели таа, последиците од секој закон за амнестија се исти и од оној од 2001, но како што вели, простувањето не значи заборавање.
„Секогаш досега, законите за амнестија содржеле исклучување на одредени дела. Сепак факт е дека исклучувањето во последниот закон е направено на еден поспецифичен начин. Носење на Законот за амнестија не е лесен процес, особено што него го гласаа директните жртви на насилствата од 27 април. Не мислам дека е правен да ги опфати само пратениците. Инаку последиците од секој закон за амнестија се исти и од оној од 2001 и од овој сега – простувате, ослободувате од казна, но тоа не значи дека заборавате. И со тие последици е поважно да се соочиме и да се бориме, со чувството на неправда, со гневот, со грижата за пораката која ја праќате“, рече Дескоска.