Дескоска: Трансферот на предметите од СЈО им ги помати сметките на оние кои сакаа тие да пропаднат по 15 септември

by fokus

Министерката за правда, Рената Дескоска, на денешната конферанција во републичкото јавно обвинителство за истражните центри, уште еднаш ги повика политичките партии да се усогласат за Законот за јавното обвинителство.

-Јасно е дека без силно обвинителство попусто зборуваме за правна држава. Сите партии да размислат каде ја гледаат иднината на нашата земја и дали се искрени за поддршката на државата кон европските аспирации, рече Дескоска.

Таа истакна дека планот на одредени политичари бил по 15 септември да пропаднат сите предмети на СЈО.

-Трансферот на предметите од СЈО во републичкото јавно обвинителство  ги помати сметките на оние кои сакаа по 15 септември да нема специјален јавен обвинител и да пропаднат сите предмети. Тој план пропадна, но направи штета. Можеби Законот за ЈО не е нужен за предметите на СЈО, но е неопходен за заокржување на реформите во судството, рече министерката Дескоска.

Министерката порача и дека истражните центри се најзначајната алатка во рацете на обвинителите.

-Не постои брза предистрага и истрага без истражните центри кои се најсилната алатка во рацете на обвинителите. Тие го следат патот на парите, тие се очите и ушите на обвинителите, тие се оние кои ги собираат сите парчиња од сложувалката. Крајната цел е ефикасна истрага која ќе обезбедни цврсти докази за пред суд, заклучи министерката Дескоска, зборувајќи за важноста на истражните центри.

В.В.

Поврзани новости