Доколку не се обебеди 2/3 мнозинство за Законот за Јавното обвинителство, можно е судбината на СЈО да ја решава преку измени на Законот за Совет на јавни обвинители кој се носи со 61 глас. Планот Б на владата го откри министерката за правда Рената Дескоска. Според неа, во Законот за Совет на јавни обвинители може да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција.
-Во случај да не се најде мнозинство за Законот за јавно обвинителство, сите предмети на Специјалното јавно обвинителство ќе ги преземе и ќе ги продолжи друго јавно обвинителство. Или, со измена на Законот за Совет на јавни обвинители, кој се носи со обично мнозинство, ќе се најде решение за функционирање на Специјалното обвинителство“, рече во Собранието министерката за правда Рената Дескоска.