505
Со нетрпение го чекаме текстот од ВМРО-ДПМНЕ, велат од Министерството за правда, откако од опозициската партија најавија дека ќе испорачаат нов закон за решавање на статусот и надлежностите на СЈО.
„Кога ќе го добиеме ќе се произнесеме. Доколку има подобрувања на текстот, секако ќе бидат прифатени. Ако има скриена амнестија, нема да биде прифатена“, велат од министерството на чело со Рената Дескоска.