Дескоска: Сериозно го разгледуваме мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците

by fokus

Министерството за правда сериозно го разгледува мислењето од Венецијанска комисија за Законот за употреба на јазиците. На тоа ќе работи мешовита работна група од повеќе министерства, а постои и можност дадена од самата Венецијанска комисија за доразјаснувања на одредени препораки, рече министерката за правда Рената Дескоска на денешната заедничка прес-конеференција со премиерот Зоран Заев.

– Често пати тоа мислење беше неправедно презентирано во јавноста бидејќи содржи и многу позитивни ставови, кои се однесуваат на Законот за јазици  и секако содржи препораки за подобрување на законската рамка. Дел од она што значи укажување на Венецијанската комисија за одредени прашања во пракса не произведуваат проблем, една од нив е да се намалат висината на казните кои што треба да ги плаќаат институциите, а законот не предвидува граѓаните не плаќаат казни. Тоа беше една лоша пропаганда од страна на недобронамерни луѓе во нашата држава. Комисијата укажува дека таа казна треба да биде намалена.

Ние донесовме Закон за прекршоци кој е двотретински и сега целото законодавство се усогласува со законот за прекршоци, не само законот за јазици. Сега Собранието е претрупано со голем број закони кои се во собраниска процедура. Имаше рок во законот дека усогласувањето треба да се случи за шест месеци. Со оглед на големиот обем на работа тоа не се случи и ставивме одредба доколку тоа не се случи за матични закони согласно законот за прекршоци да се применува законот за прекршоци, рече Дескоска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека во овој контекст дадена е препорака од Владата до сите министерства прекршочните органи да дејствуваат согласно законот за прекршоци, што значи ќе се изречуваат поблаги казни, што значи дека во овој дел е веќе извршено усогласување со препораката на Венецијанската комисија.

– Сметаме дека сериозно треба да се разгледа мислењето на Венецијанската комисија. Премиерот најави дека ќе биде формирана мешовита комисија од повеќе институции што е во ред. Така што во таа работна група Министерството за правда го дава својот максимален професионален придонес. Мислам дека нема да има тешка работа, единствено ќе биде проблем да се усогласиме за различно толкување на одредени ставови од различни институции. Но, затоа Венецијанската комисија даде можност дека можеме да контактираме со неа за доразјаснување на одредени препораки доколку има пробелм и тоа е пракса што се случува со сите мислења по закони, појасни Дескоска на прес-конеференцијата на која беа презентирани отпишување на камати за долгови и измените на законот за извршители.

Поврзани новости