471
Министерката за образование, Рената Дескоска, денеска на својот фејсбук профил изјави дека се одобрени нови места за вработување на Универзитетите.
„Започна процесот на задржување, враќање на младите научници во Македонија. По барање на факултетите, одобрени се нови места за вработување и ангажирање на млад наставен кадар на универзитетите. Ова е само почеток. Процесот продолжува“, напиша министерката Дескоска.
Министерката по нејзиното назначување на функцијата најави дека ќе се залага за широка дебата со сите чинители во областите каде што ќе се направат реформи и дека во образованието нема да се прават брзи и непромислени чекори, бидејќи тоа може да има погубен ефект.