Министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил напиша дека од ВМРО-ДПМНЕ го бараа државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, а не сакаат да го слушнат на јавната расправа за законот за јавно обвинителство.
-Денеска продолжува јавната расправа за Законот за јавно обвинителство. И денес матрицата на ВМРО – ДПМНЕ повторно излезе на површина – бараат цензура и се противат јавниот обвинител Јовевски и јас да земеме збор и да го кажеме мислењето по вчерашните предлози. Го бараа Јовевски, а не сакаат да го слушнат. И спротивно на Деловникот се противат да кажам кои се следните чекори во градење консензус околу законот, напиша Дескоска својот Фејсбук профил.
За време на вчерашното обраќањето на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од галеријата каде што новинарите ја следат јавната расправа ставија траспарент на кој пишуваше: Господине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба? (чл.60, закон за ЈО).