Дескоска: Новите министри за правда, за образование, како и Владата ќе ја имаат мојата поддршка

by fokus

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска вечерва му се заблагодари на Зоран Заев за довербата да биде дел од минатиот состав на Владата. Таа искажа поддршка за предлог составот за идната влада, а особено за министрите за правда и за образование и наука.

-После 6 години активно учество во политиката, одлучив да се вратам на мојата професија и да се посветам на стручна и научна работа. Благодарам на премиерите Зоран Заев и Оливер Спасовски за досегашната доверба да бидам дел од Владите кои тие ги предводеа. Денеска мандатарот Заев го презентираше составот на идната Влада, во која има искусни досегашни министри кои успешно ги водеа своите ресори и нови лица кои се докажаа во ангажманите кои до сега ги имаа. Посакувам и очекувам оваа Влада да биде успешна во својата работа. Премиерот Заев и целата Влада, а особено новите министри за правда и образование и наука, ќе ја имаат мојата целосна стручна поддршка во водењето на реформските процеси, напиша Дескоска.

Поврзани новости