Дескоска нема да биде министерка, се враќа на Универзитетот

by Frosina Fakova

Актуелната министерка за правда од редовите на СДСМ, Рената Дескоска потврдува дека се повлекува од извршната власт и се враќа на Универзитетот.

-Јас најавив пред извесно време дека сакам да се вратам на мојата професија и да се посветам на стручна работа. Секако, Владата, премиерот Заев и кој и да е новиот министер за правда ќе ја имаат мојата целосна стручна поддршка, изјавила Дескоска за ТВ 24.

Таа е професорка по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членка е на Извршниот одбор на СДСМ и македонска претставничка во Венецијанската комисија. Нема информации кој ќе ја наследи, а неофицијалните информации велат дека ресорот ќе остане на СДСМ.

Поврзани новости