Поранешната министерка за правда и образование која воедно е и професорка по уставно право, Рената Дескоска се уште не одлучила дали ќе биде дел од работната група за уставните измени. Таа за „Телма“ изјавила дека се уште не дала согласност, но и дека нејзиното учество ќе зависи од задачата и форматот на групата.
-Не сум се сретнала со премиерот, ниту со министерот за правда во врска со уставните измени. Не сум дала согласност за учество во работна група за измена на Уставот. Моето евентуално учество ќе зависи од задачата која ќе биде зададена и форматот на работната група. Во моментов информациите во јавноста за овие прашања се нејасни“ – вели професорката по уставно право на правен факултет, изјави Дескоска за „Телма“.
Од друга страна, позитивен одговор дале професорот Јетон Шасивари, но и поранешната судијка во Судот во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска која кажа дека во рамките на нејзиното богато искуство е подготвена да даде свој придонес во оваа експертска група.
Академикот Владо Камбовски пак ја одби поканата бидејки во моментов нема политички консензус. Сепак денеска, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Демократски сојуз соопштија дека нема да учествуваат во оваа работна група.