416
Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите. Очигледно бегањето им стана партиска определба. Сепак, ќе биде закажана јавна расправа за законот. Па ќе видиме дали и од неа ќе избегаат“, објави Рената Дескоска, министерката за правда, на својот Фејсбук профил.
Вчерашната работна средба за Законот за Јавно обвинителство помина неуспешно, а претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, заминаа по десет минути. Антонијо Милошоски инсистираше на присуството на Љубомир Јовески, Државниот јавен обвинител. Јовески децидно изјави дека не му е местото на политички разговори.