552
Министерката за правда, Рената Дескоска во денешното интервју на Канал 5 одби да ја коментира СМС пораката на обвинителката Вилма Русковска до еден од судиите.
-Мојата функција не ми дозволува да коментирам преписки меѓу судии и обвинители. Ќе се воздржам од коментар, меѓутоа сметам дека меѓу судството и обвинителството да се создаде соработка за начинот на кој се водат постапките. А, ако има сомневања за корупција во редовите за Обвинителството или судството, тоа треба да се процесуира. Јас не мислам дека целото судство е корумпирано, мислам дека поединци го трујат целото ткиво, вели Дескоска.