484
Власта и опозицијата никако да се усогласат околу новото решение на Законот за јавното обвинителство, иако за десет дена Парламентот ќе се распушти.
ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поднесе амандмани. Напротив, Мицкоски го повика Министерството за правда да ги преточи во амандмани сите забелешки добиени од експертите на јавната расправа. Министерката за правда Рената Дескоска за Алсат вели дека правниот тим околу Мицкоски, го доведува опозицискиот лидер до незгодна ситуација.
„Мицкоски како инженер не е должен да знае, но неговите правници треба да му објаснат дека правна катастрофа е ако се внесат сите забелешки од експертите, од кои некои се противречни меѓу себе“, вели министерката Дескоска.