Министерката за правда, Рената Дескоска преку својот профил на Фејсбук порача дека „постојат двајца од опозицијата, кои се залажуваат дека можат и знаат стручно да дебатираат“.
„Има двајца од ВМРО-ДПМНЕ што имаат “опсесивна потреба” да “си го мерат својот авторитет” со мене. (Ниеден од нив не е Антонио Милошски или било кој друг од нивниот досегашен преговарачки тим – да нема забуна). Дали на тој начин мислат дека ќе добијат “експертски шмек” не знам, но очигледно е дека се залажуваат дека “можат и знаат стручно да дебатираат”.
Бидејќи очигледно мојата вчерашна изјава за Планот Б внесе забуна во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, еве една постојна одредба од нашето позитивно право, која не е содржана во постојниот Закон за јавно обвинителство, во кој не се ни споменува именување на вршител на должност Републички јавен обвинител. А оваа одредба, која не е од 2/3-ски закон, веќе еднаш се примени во пракса и никој тоа не го оспори“, вели Дескоска.