Дескоска: Гласањето за вонредна состојба беше најтешката одлука, но истовремено одлуката е и државничка

by fokus

Самото прогласување на вонредната состојба не значи автоматско ограничување на човековите права на граѓаните. Но исто така постои Уставна можност за ограничување на правата и слоботите на граѓаните доколку постои таква состојба, рече министерката за правда Рената Дескоска на денешната прес конференција во Владата.

Таа појасни дека вонредната состојба е 30 дена, но доколку се смири ситуацијата може да се прекине, но и да се продолжи доколку е потребно и тоа со нова одлука.

-Со прогласувањето на вонредната состојба Владата доби можност да носи уредби со законска сила, ќе може да менува законски одредби, кои претходно ги добило Собранието. Од вчера немаме нови ограничувања за граѓаните, рече министерката.

Дескоска рече дека гласањето за вонредна состојба била најтешката одлука во нејзиниот животот.

-Не можев ни да претпоставам дека ќе живееме во вонредна состојба, но истиот момент бев уверена дека таа одлука е државничка, дека е одлука која ќе помогне да ја надминеме состојбата и што поскоро да се вратиме на нормалниот живот, рече Дескоска.

 

Поврзани новости