Mожете само да сонуватe – би бил мојот учтив коментар на овој текст со хумористичен наслов ,„Дескоска нов член на ИК ВМРО ДПМНЕ“?, објавен во „Република“.
Ова го напиша на Фејсбук министерката за образование Рената Треневска-Дескоска сакајќи да објасни одредби од новиот Закон за јазиците со што одговори на текстот на „Република“.
„Јас тврдев и сѐ уште тврдам дека двојазични пари и двојазични ознаки на униформите на војската се неуставни. И нив ги нема во донесениот закон. Тоа може да се провери само со отварање на законот кој е објавен на веб страницата на Собранието на Република Македонија. Дали можеби тие што тврдат дека во законот има двојазични пари и униформи за војската, мислат дека е усвоен текстот на законот што тие го договориле?“, праша Дескоскa.