656
Во изминатото деноноќие починаа 10 лица како последница на корона вирусот, при што 5 пациенти се од Скопје (53,61,81,84 и 86) и по еден од Кавадарци (72), Гостивар (61), Кочани (49), Охрид (83) и Прилеп (68). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Истовремено, регистрирани се 385 оздравени пациенти од: Скопје – 213, Прилеп – 27 , Куманово – 23, Кавадарци – 23, Тетово – 17, , Велес – 15, Штип – 12, Кочани – 9, Дебар – 7, Крива Паланка – 5, Радовиш – 5 , Битола – 4, Кичево – 4, Гостивар – 3, Берово – 3, Демир Капија – 3, Свети Николе – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2, Охрид – 1 , Неготино – 1 , Македонски Брод – 1 , Крушево –1.
Инаку, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.891, бројката на оздравени пациенти е 80.393, на починати е 2.831, а бројот на активни случаи изнесува 8.667.