Десетици демонстранти беа уапсени на протестот организиран од еврејски мировни активисти во Оукленд со барање за итен прекин на огнот во Појасот Газа.
Стотици луѓе учествуваа на протестот пред федералната зграда во Оукленд, Калифорнија, некои од нив носеа маици со пароли како „Евреите бараат прекин на огнот“, „Не во наше име“ или „Да живее Газа“, јавува АП.
Организацијата Еврејски глас за мир, еден од организаторите на протестот, соопшти дека се приведени десетици луѓе.
„Нема друг избор. Колку луѓе треба да убиеме пред да постигнеме примирје“, рече рабинот Лин Готлиб од Универзитетот во Беркли, на прашањето зошто учествувал во демонстрациите.
Протестот е последен во серијата низ САД, во кои се повикува на прекин на огнот и се изразува поддршка за Палестинците во конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Истата еврејска организација организираше и протест на Њујоршката Гранд Централ станица на 27 октомври, кога стотици демонстранти, барајќи прекин на огнот, ја исполнија главната област на станицата во вечерниот шпиц, блокирајќи го сообраќајот. Тогаш беа приведени најмалку 200 демонстранти.
They have now arrested over 300 Jewish protestors demanding a ceasefire at the Oakland Federal Building
“My father and grandfather did not escape Nazi Germany so our history could be exploited to kill people” pic.twitter.com/On9Cf1x6iV
— Ariel Koren (@ariel_koko) November 14, 2023