804
На шести и на седми јули во Битола ќе се одржи Балкан Гала Фест, информира Камерниот оркестар Битола.
И двете фестивалски вечери ќе бидат со почеток од 20.30 часот, на Ракометното игралиште.
Првата вечер музички гости се Ристо Вртев, Михајло Трајковски – Сак, Срѓан Гојковиќ – Гиле од „Електрични оргазам“, Петар Младеновски од „Суперхикс“, Ружица Брчиоска од „Ареа“ и Жарко Јакимоски и диџејите Darren Emerson, Goran Kan и Herzel.
Втората вечер пак настапуваат Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Викторија Лоба, Горан Каран, Ламбе Алабакоски и Виктор Апостоловски.
И минатата година на фестивалот гостуваа голем број на звучни имиња од балканската естрада.
Вики Клинчарова