Десетици илјади Романци незадоволни од откажувањето на претседателските избори денеска маршираа низ Букурешт, барајќи да се одржи вториот круг од претседателските избори и претседателот во заминување Клаус Јоханис да поднесе оставка.
Протестот беше организиран од опозициската десничарска Алијанса за обединување на Романците, втората по големина партија во Романија, објави Ројтерс.
-Бараме враќање на демократијата со продолжување на вториот круг од изборите – изјави лидерот на АУР, Ѓорѓе Симион.
Врховниот суд на Романија ги поништи претседателските избори на 6 декември, два дена пред вториот круг од изборите.
Откажувањето на вториот круг дојде откако владините документи покажаа дека лидерот Калин Џордеску, критичар на НАТО , имал корист од нефер кампањата на социјалните мрежи, наводно оркестрирана од Русија , што Москва го негира.