Десетици илјади луѓе маршираат во Лондон, бараат итен прекин на огнот во Газа

by Fokus

Десетици илјади луѓе денеска маршираа низ центарот на Лондон, повикувајќи на итен прекин на огнот во Газа, а демонстрантите организирани од Кампањата за солидарност на Палестина (PSC) се префрлија од Хајд Парк до американската амбасада.

Тоа е 10-ти пропалестински марш во центарот на Лондон откако Израел ја започна својата кампања во Газа, по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, јавува Би-Би-Си.

Демонстрантите ги придружуваат и голем број полицајци, а од полициската управа најавија дека маршот мора да заврши до 18 часот.

Израелската војска започна воздушна и копнена кампања во Појасот Газа по нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кои загинаа околу 1.200 луѓе и зедоа 253 заложници.

Оттогаш, повеќе од 30.800 луѓе, главно жени и деца, се убиени во Газа, а има голема хуманитарна криза поради недостиг на храна, вода за пиење и лекови, со што се соочуваат најмалку 576.000 луѓе низ Појасот Газа.

Поврзани новости