81
На Инфективната клиника се хоспитализирани десетина пациенти со грип, од кои тројца имаат ковид. Пациенти со грип се хоспитализирани и на Клиниката за пулмологија во Скопје.
„Една пациентка е навистина во тешка состојба, има пореметување на дишењето но и на свеста и преговараме со Инфективната клиника да ја земат, бидејќи ќе ѝ треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, изјави доктор Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија.
Тој апелираше дека не е доцна да се прими вакцина против грип, но за да го сторат тоа мора да се здрави, во добра здравствена состојба.
Според министерот за здравство Фатмир Меџити, нема место за паника и се следат упатствата на Комисијата за заразни болести.