2
Десет лица загинаа, а 30 се повредени откако возило влета во поголема група луѓе во Њу Орлеанс, според официјалните информации на градската агенција за подготвеност за итни случаи.
Трагичниот настан се случил на раскрсницата на улиците Канал и Бурбон, позната по бројни барови и клубови.
Полицијата во моментов истражува инцидент со голем број жртви. Службите за јавна безбедност работат на терен.