596
Синоќа по полноќ десет жители на Скопје го нарушиле јавниот ред и мир, откако се истепале во локал во Кисела Вода, велат од МВР.
„На 10.12.2021 во СВР Скопје е пријавено дека на 04.12.2021 околу 00.50 часот пред и во угостителски објект на подрачје на Кисела Вода по претходна расправија М.Н.(19), Д.А.(19), А.К.(19), П.З.(21) и Ф.В.(19) сите од Скопје од една страна и С.Ј.(25), Б.Т.(20), Д.Н.(18), М.Н.(19) и Д.Т.(26) сите од с.Ракотинци, скопско од друга страна го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Сочинети се записници за констатиран прекршок од ЗППЈРМ“, додаваат од МВР.