Денеска се регистрирани 190 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 192.478 , оздравени се 293 пациенти , а пријавени се 10 починати лица, се вели во соопштението на министерството за здравство
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.636 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19 и тоа од Скопје – 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово – 7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш – по 1 .
Регистрирани сe 293 оздравени пациенти од: Скопје – 138 , Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар – по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 2 починати лица од Скопје ( 78г, и 83г), по едно починато лице од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г) и Струга (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478 бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149.