Десет наставници во изолација поради контакт со позитивен ученик во Росоман

by fokus

Во основно училиште во Сирково, Росоман, каде беше одобрена настава со физичко присуство, поради позитивен ученик во осмо одделение во изолација одат 14 ученици и дури десет наставници, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Изолираните ученици најверојатно ќе ја продолжеле наставата онлајн.
Во Тиквешко денес се регистрирани 24 нови случаи на корона вирус, и тоа 15 во Кавадарци, шест во Неготино и три во Росоман.

Досега во Тиквешијата се инфицираа 2.827 лица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости