547
Во услови на пандемија на корона вирусот, десет милиони деца може да стапат во брак до 2030 година, предупреди УНИЦЕФ, а уште стотина милиони девојчиња може да бидат принудени на брак до крајот на деценијата.
Браковите на девојчиња на возраст под 18 години се резултат на повеќе фактори поврзани со кризата поради Ковид 19, пред сè затворање на училишта, влошување на економските услови, нарушувања во јавните услуги и смрт на родителите, предупредува Фондот за деца на ОН.
– Ковид-19 ја влоши веќе тешката состојба за милиони девојчиња … Но, можеме и мора да ставиме крај на малолетничките бракови, истакна извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе во изјава објавена денеска.