Десетици илјади луѓе во Бразил одржаа продемократски митинзи, како одговор на упадот на поддржувачите на поранешниот претседател на земјата, Жаир Болсонаро во Конгресот, јавува Би-би-си.
Во бразилски град во земјата Сао Паоло, толпата извикуваше дека Болсонаро мора да оди во затвор.
Околу 1 500 луѓе се приведени поради нередите во неделата во главниот град на Бразилија.
Нередите, кои веднаш беа споредени со упадот на поддржувачите на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп во Конргресот на САД на 6 јануари 2021 година, се случија една недела откако претседателот Луис Инасио Лула да Силва положи заклетва по изборите во октомври кои го поделија Бразил.
Седумдесет и седумгодишниот Лула ги посети оштетените згради на Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд заедно со гувернерите на земјата, осудувајќи ги, како што рече „терористичките акти“ и вети сторителите ќе бидат казнети.