Здравјето е највисок приоритет за секој човек, а вложувањето во доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор да обезбедите најдобра здравствена грижа, вели Емилија Десановска, менаџер на секторот за доброволно приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен брокер АД Битола.
Со посветена грижа за јавното здравје СН Осигурителен брокер продолжува со акциите кои овозможуваат поволности за граѓаните во однос на обезбедување на приватно здравствено осигурување. Новата акција со која се овозможува попуст на полисата за приватно здравствено осигурување е организирана во соработка со СН Мото Центарот во Скопје, членка на СН Групацијата.
„Со секоја искористена услуга во СН Мото Центарот следуваат 15% попуст засекоја нова полиса за доброволно приватно здравствено осигурување од СН Осигурителен Брокер, кое овозможува лекување и користење на здравствени услуги во сите приватни здравствени установи во државата.
Пакетот СН Еурохеалтх од СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува на најдобар начин и под најповолни услови граѓаните да добијат квалитетна здравствена грижа за себе и за семејството.“-вели Десановска, посочувајќи дека редовната цена на пакетот СН Еурохеалтх за доброволно приватно здравствено осигурување изнесува 515 денари месечно. Со акцијата во соработка со СН Мото Центарот, полисата со попуст чини само 438 денари месечно.
Со пакетот СН Еурохеалтх од СН Осигурителен Брокер АД Битола граѓаните можат да користат здравствени услуги од типот на специјалистички прегледи, основни дијагностички мерења и снимања, стоматолошки услуги, лабораториски анализи и испитувања, амбулантски интервенции, комплексни дијагностички постапки, трошоци за лекови пропишани на розов рецеп тнад 300 денари, дневна болница и дневна хирургија, дијагностички и терапевтски зафати, болничко лекувањесо и без оперативен зафат.
Десановска посочува дека бројни се предностите од користењето на доброволно приватно здравствено осигурување, бидејќи истото овозможува пристап до приватните здравствени установи, а со тоа граѓаните услугите ги добиваат со пократко време на чекање во здравствените установи, побрзо добиваат дијагноза, како и подобра здравствена услуга, при што имаат и можност да се лекуваат со посовремена апаратура за дијагностика и медицински третман.
За промотивната понуда на СН Осигурителен Брокер и СН Мото Центарот клиентите можат да добијат повеќе информации на веб-страницата на СН Осигурителен Брокер: www.snbroker.mk или на телефонските броеви: 075 807 225 /15 770 / 075/252-375 / 078/343-534.
Инаку, СН Мото Центарот е нова и современа станица за технички преглед во скопскиот регион, лоцирана на ул. Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје. Покра јтехнички преглед, возачите тука можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемтсертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Прекушалтерна СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително авто одговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.