Дерковски за МИА: Измените на Изборниот законик да се донесат поскоро за да се имплементираат правилно

by fokus

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски во интервју за МИА рече дека иако не се уште распишани, Комисијата се подготвува за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април. Во интервјуто за МИА Дерковски вели дека најавените измени на Изборниот законик кои се уште не се во собраниска процедура треба да бидат што поскоро донесени за да има време да се имплементираат правилно.

–  Работната група што ја предводи Министерството за правда, веќе подолг период работи на некои измени на Изборниот законик, со цел да се имплементираат одредени забелешки на мисијата на ОБСЕ и ОДИХР, меѓутоа и на некои други забелешки укажани од повеќе фактори коишто учествуваат во изборните процеси. Јас се надевам дека ќе се приближи кон некаков крај и дека навреме ќе имаме завршеток за да може и ние како ДИК да можеме навреме да се припремиме со новите изменети законски норми. Овие работи треба да се прават на време за да има доволно време да се имплементираат правилно, рече Дерковски.

Поврзани новости