Парламентарните избори повторно да се организираат од почеток, за да не може некој да го оспори нивниот легитимитет, смета претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски. Тој за 24 вести вели дека Уставниот суд треба да се вклучи во надминување на правната празнина во однос на решението за распишување на параментарните избори. Според него, условот за да има избори е да се одреди изборен ден.
– Мора да се најде уставно издржано решение, да се договори консензуално меѓу сите политички фактори и во таа ситуација никој нема да го доведе во прашање легитимитетот на изборите. Остануваат неколку месеци до редовните избори, не е никаков проблем да се изнајде вистинско решение. Единствено на кое јас апелирам е дека треба да се создадат максимално добри услови за организација и да се има фер натпревар во таа изборна трка – рече Деркоски.
Тој додава дека избори треба да има, но, како што истакна, не треба да се доведеме во ситуација да се загрози здравјето на граѓаните.