767
Првиот човек на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на денешната прес-конференција изнесе информации во однос на протестите кои се случуваат во Македонија во изминатиот период.
Како што истакна тој, политичките партии ја злупотребуваат својата моќ во овие настани..
„Во последно време, граѓаните имаат се повисоко ниво на култура. Во Македонија во изминатиот период се случуваат протести, а дел од нив се организирани од политичките партии. Со таа злупотреба, партиите ја влошуваат сосојбата во државата. Имаме информации дека утрешниот бојкот на наставата е организиран од партиски подмладок, за што ќе биде изнесен посебен извештај. Децата и младите се злоупотребени во партиски цели“, порача Дерала.