Денеска дојдов да им порачам на оние што читаат вицови од говорница, што пеат од говорница, тоа да го прават в затвор. Народот денеска дојде по своето. Дојде време за слобода права и еднаквост, порача Џабир Дерала од Цивил, на протестот пред Владата.
– Влезови и згради што не постојат, човечиња за уши што ги тегнат, тоа е нивната изборна победа. Тој и неговите кучиња сакаат војна. Зошто? За да се спасат од правдата. Казни, тоа е нашиот живот, а тие како султани живеат. Дај ми работа, на ти книшка. Тука е народот што не заборавил што е слобода. Падот е неминовен. Се оддадоа на разврат и безмилосна пресметка со својот народ. Навлекоа чизми и не газат секој ден. Полицајци изгинаа како топовско месо во нивните сценарија. Теророт денеска завршува. Оставка, праведно судење, конфискација, затвор, рече Дерала.