Џабир Дерала од невладината организација Цивил се обрати на Маршот за правда што вечерва го организира СДСМ. Тој ја поздрави одлуката на пратениците и изгласувањето на Законот за јавното обвинителство, но и испрати порака до СДСМ.
-Сакам да го поздравам пратеничкиот состав за државничката одлука што ја донесоа пред да се распуштат. Оваа одлука е доказ дека сепак правда ќе има. Ама милиони Африканци ќе ни се доселат. Ама процедурите не биле коректни. Што ама? Само 6 пратениците беа против законот за ЈО и 80 беа за. Да ја поздравиме институцијата која конечно се ослободи и веќе не е гласачка машинерија на потстанарот на Орбан. Сите ние очекувавме да чекорите похрабро. Со сето тоа разбирање за опструкции, сепак можевте похрабро, поодбро и побрзо. Сега и законот е тука. Нека биде тоа поттик. Од вас очекуваме правда, од МВРО видовме што можеме да очекуваме, рече Дерала.