„Денвер Нагетс“ќе го почекаат  ривалот за финале по победата на „Бостон Селтикс“ во Мајами

by Fokus

Бостон ја одби „метлата“, откако на половина од мечот во Мајами се разбуди одбранбениот играч Џејсон Тејтум, и неговиот тим успеа да го избегне крајот со одлична игра и победа од 116:99. Со тоа Бостон ја намали предноста на ривалот „Денвер Нагетс“ на 3:1 во финалната серија од Источната конференција. Никола Јокиќ и играчите на „Денвер Нагетс“ ќе почекаат уште малку додека не се знае и вториот финалист.

„Само се обидовме да ја спасиме сезоната“, изјави Џејсон Тејтум.

Тренерот на „Бостон Селтикс“ Џо Мазула рече: “Немаме простор за опуштање. Мораме да играме на исто ниво и со ист интензитет. Фокусот е на следниот натпревар”

Во историјата на НБА, се уште никој не успеал да се врати од негатива од 0:3. Дури 150 пати тимовите се обиделе да направат бум на седум натпревари и се уште никој не успеал. Можеби дури ни Бостон, но доколку го добијат следниот меч во својата сала „Гарден“, притисокот ќе се префрли на страната на Мајами.

Мајами не беше премногу потресен од поразот.

“Нѐ фатија вечерва, им оддаваме заслуга за тоа. Заслужија да победат и мораме да се подготвиме за втора шанса во Бостон. Уште една победа не носи до целта”, изјави тренерот на „Мајами Хитс“, Ерик Сполстра.

 

Поврзани новости