Деновиве ќе се знае како и на кој начин ќе почнат да работат градинките

by Frosina Fakova

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека наредните денови ќе бидат соопштени повеќе информации за тоа како и на кој начин градинките ќе почнат да работат.

– Се уште траат консултациите во Комисијата за заразни болести, за што ќе ги контактираме самите градинки за да се обезбеди посебен протокол. Свесни сме дека е навистина тешко и дека е голем предизвик, заради тоа што децата се во ризик да бидат трансмисија на болеста. Многу тешко таму може да се одржуваат некои правила, па сакаме да донесеме еден план кој навистина ќе може да се спроведе, посебно што градинките мора да бидат во функција кога сите ќе се вратат на работа. Дозволете во наредните денови кога планот ќе биде готов да дадеме повеќе информации како и на кој начин градинките ќе почнат да работат, рече Филипче.

Откако Министерството за образование соопшти дека училиштата ќе останат затворени до крајот на учебната година и со најавите за нормализација на работата по корона кризата, се наметна прашањето кој ќе ги чува малите деца, кога нивните родители ќе се вратат на работа. Од градинките веќе има некои неофицијални информации дека можно е да почнат да се примаат деца од 20 мај или 1 јуни, но сето ова е непотврдено се додека планот не го образложи Комисијата за заразни болести.

Поврзани новости