Деновите на украинскиот претседател Володимир Зеленски на таа позиција се избројани. Неговата судбина зависи од големата контраофанзива на Киев, која започна на 4 јуни, а американскиот CNN објави дека неговите западни спонзори воопшто не се задоволни од развојот на ситуацијата на фронтот.
Двајца неименувани западни функционери и еден американски воен претставник за Си-Ен-Ен изјавија дека украинската контраофанзива била далеку понеуспешна од очекуваното и дека руските сили се покажале многу поспособни отколку што процениле САД и нивните сојузници.
– Украинската контраофанзива против руските војници не ги исполни очекувањата на ниту еден фронт – ова е заклучокот на сите тројца официјални лица.
Тие додадоа дека оклопните сили на Украина се покажале многу „поранливи“ на руските мински полиња, ракети и воздушни сили отколку што било кој западен стратег можел да претпостави.
– Руската одбранбена линија се покажа како добро зацврстена, што го отежнува пробивањето на украинските сили во нив. Дополнително, руските војници беа успешни во уништувањето на украинските оклопни единици, со ракетни напади и мини, а се виде и дека Русите многу поефикасно ги користат воздухопловните сили – изјавија извори за Си-Ен-Ен.
Иако руската одбрана дефинитивно се покажа многу подобра од очекуваното, според една од нив, САД се уште се оптимисти и се надеваат дека Киев некако ќе успее да ја сврти ситуацијата. Тој додаде дека Вашингтон ќе го процени исходот од контраофанзивата на почетокот на јули, односно еден месец по нејзиниот почеток.
Како што истакна, таа воена операција, за која Западот тврди дека ќе го одреди исходот на целата војна, се уште е во рана фаза. Самиот Зеленски призна дека украинската контраофанзива не оди според планот и очекувањата на Западот. Тој во средата рече дека операцијата напредува „побавно отколку што би сакал“.
– Дефинитивно би сакале да направиме поголеми чекори. Без разлика, тие што ќе се борат ќе бидат победници, а тие што ќе затропаат на вратата, таа ќе се отвори – изјави Зеленски за Би-Би-Си, нагласувајќи дека украинските сили ќе ја истераат Русија од сите „окупирани територии, вклучително и Крим“.
Ниту шефот на Здружениот Генералштаб на американската армија Марк Мили не е воодушевен од украинската контраофанзива. Тој минатата недела рече дека Киев „постојано напредува“.
– Тоа е многу тешка битка, многу насилна борба. Веројатно ќе потрае многу време и цената ќе биде висока – рече Мили.
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ги коментираше огромните загуби на Украина на фронтот.
– Во борбите ќе има голема штета, но украинските сили имаат уште за што да се борат – изјави Остин.