Денот на Републиката: Заев во Пелинце, Џафери во Скопје, а Пендаровски во Крушево

by Fokus

Сто и осумнаесет години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

Институциите ја објавија агендата за денешното чествување, според која оваа година премиерот Зоран Заев ќе одржи говор во Пелинце, претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се обрати на настаните организирани во Скопје, а претседателот на државата Стево Пендаровски ќе присуствува на манифестацијата во Крушево, но како што најави нема да одржи политички говор и подоцна во текот на денот во Крушево ги повика да присуствуваат претставниците на државниот врв, но и лидерите на сите парламентарни политички партии.

Поврзани новости