355
Се очекува денеска да заврши потрагата по преживеани во железничката несреќа која се случи во Грција кога се судрија патнички и товарен воз.
Досега се извлечени 57 загинати патници во најголемата железничка несреќа во историјата на Грција која се случи во близина на Лариса.
Шефот на железничката станица кој требало да се регулира движењето на возовите, денеска ќе биде изведен пред обвинител. Против него е поднесена кривична пријава за попречување на превозот и за загрозување животи.
Според властите, причината за несреќата била човечка грешка, но синдикатите на железницата велат дека таа била неизбежна поради неодржуваната и неисправна сигнализација.