577
Обвинителката Фетаи на последното рочиште во завршен збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.
Во старото обвинение за ослободената Даниела Рангелова се велеше дека преку пораки им кажувала на присутните пред општината како да се однесуваат.
Адвокатот Еленко Миланов, бранител на Миле Јанакиески, тврди дека поднесувањето на ново обвинение е поради тоа што Јанакиески успеал да ги оспори сите докази на обвинителството. Доколку немало ново обвинение Јанакиески ќе требаше да биде ослободен од вина, вели Миланов.
Процесот го води судијата Душко Јосифовски.